Годишната инфлација се зголеми на 4,9 проценти во март

Инфлацијата е највисока во последните година дена, а Владата најавува мерки по Велигден

од Nikola Popovski
14 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика инфлацијата во март 2026 година во однос на претходниот месец е 0.7 % Во март 2026 година, во однос на февруари 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 3.4 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за  3.2 %, Покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 0.6 %, Рекреација, спорт и култура за 0.5 %, Услуги за образование, Лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.4 %, Облека и обувки за 0.3 %, Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Информации и комуникации за 0.2 %, Здравствена заштита, Ресторани и услуги за сместување за 0.1 %.

Трошоците на животот во групата Осигурување и финансиски услуги, остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во март 2026 година во однос на февруари 2026 година изнесува 100.9.

Индексот на трошоците на животот во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи зголемување од 4.9 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од  3.4 %.

Во меѓувреме, Владата по Велигден ќе интервенира со нови мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Премиерот Христијан Мицкоски откри дека ќе бидат таргетирани на основните прехранбени производи.