Здравјето не е само отсуство на болест, порача д-р. Чолакова Дервишова по повод Денот на здравјето

Здравјето не е само отсуство на болест, здравјето денес се смета целокупно - физичко, психичко и социјално здравје на човекот, вели за „Локално“ д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија за Светскиот Ден на здравјето.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Д-р Лидија Чолакова Дервишова/ Фото: Фејсбук

Здравјето не е само отсуство на болест, здравјето денес се смета целокупно – физичко, психичко и социјално здравје на човекот, вели за „Локално“ д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија за Светскиот Ден на здравјето.

-Секој од нас во текот на денот да си најде време за прошетка во природа и во тишина, за да може да му помогне на организмот да се обнови, од цел ден поминат покрај телефони и копјутери. Како матичен лекар тоа и намоите пациенти им го кажуам, дека секој од нас за да си го зачува здравјето треба да внесува што помалку јаглехидрати и важна е физичката активност. Треба да се посвети повеќе внимание на тоа децата да бидат повеќе физички активни и да спортуваат, бидејќи се поголем е бројот на луѓе се со прекумерна тежина. Ако порано од утро до вечер децата беа со топка надвор, сега тоа не е така. Друг дел од зачувување на здравјето е се обидете некому да помогнете или барем во дел од денот да сте насмеани или да правите нешто што ве прави среќни, изјави д-р Чолакова Дервишова.

Светскиот ден на здравјето се обележува од 1948 година, а на овој ден вообичаен здравствените установи органзираат бесплатни превентивни прегледи, со цел да ја зголемат свесноста кај населението да го следи својот организам и нвреме да се јави на лекар.

Најчесто се прават бесплатни прегледи и крвен притисок и шеќер во крвта, лекарите даваат совети за одржување на телесната тежина и други совети.

Е.Б.