Царината запленила авокадо, јагоди и пиперки во вредност од 1,4 милиони денари

Обидот за шверц на 12,5 тони овошје бил на ГП „Богородица“

од Nikola Popovski
24 прегледи Фотo: Принтскрин/Јутјуб

Царински службеници на граничен премин „Богородица“ спречиле обид за шверц на 12,5 тони овошје и зелечнук во вкупна вредност од 1,4 милиони денари.

При контрола на стока во транзитна постапка, пронајдени се 750 кг ананас, над три тони авокадо, 2,5 тони лута пиперка, 600 кг брокула, 2,3 тони јагоди, 3,3 тони киви и 40 кг печурки кои не биле пријавени со царинската декларација.

Непријавената стока која осомничениот се обидел да ја криумчари е запленета, а против него од страна на Одделението за истраги е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „криумчарење“.