Изјавата на премиерот за извозот на антимонот ќе ја протолкувам како и извозот на мермерот сивец од Прилеп, вели директорот на ДЗР

Се радувам на секоја странска инвестиција, но државата мора да обезбеди заштита на животната средина и соодветно вреднување на минерралот кој државата сака да го даде под концесија, изјави Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија

од Vladimir Zorba
93 прегледи Фото: Локално

Се радувам на секоја странска инвестиција, но државата мора да обезбеди заштита на животната средина и соодветно вреднување на минерралот кој државата сака да го даде под концесија, изјави Максим Ацевски, директор на Државниот завод за ревизија, во одговор на новинарско пршање како ќе ја коментира последната изјава од премиерот дека во стратешкиот дијалог со САД на американската страна им е понудена можност за експлоатација на антимон во Кривопаланечко.

Тој објасни дека ДЗР изготвило повеќе извештаи со препораки за тоа што треба дасе преземе при експлоатација на руда и минерални суровини во земјава, во кои биле утврдени голем број неправилности.

-Оваа изјава на премиерот за извозот на антимонот ќе ја протолкувам како и извозот на мермерот сивец од Прилеп, каде имаме прекрасен минерал и е еден од најдобрите во Европa, а концесионерот врши експлоатација на самиот минерал и обработката не се прави во нашата држава, туку во соседната држава и целокупниот профит оди таму. Се радувам на секоја странска инвестиција, но мора да обезбедиме почитување на стандардите во делот на животната средина и соодветно вреднување на минералот кој што го даваме на соседна држава, бидејќи секој минереал припаѓа не само на оваа генерација, туку мора да водиме грижа и за идните генерации и мора да обезбедиме соодветно вреднување на минералите кои ги поседуваме, изјави Ацевски.

Државниот завод за ревизија во соработка со меѓународната програма ОЕЦД – СИГМА бденес оддржаа работилница „Ревизија на животната средина и ревизија на целите за одржлив развој“. Според Ацевски прашањето на животната средина е многу важно, бидејќи таа не ни припаѓа само нам, туку на сите, а сите сме сведоци и загадување на водата, почвата и воздухот.

-Во претходниот период имаме издадено некоку ревизорски препораки дека треба да се преземат мерки, но очигледно е дека се уште не се направени. Животната средина не ми  припаѓа само на мене или на вас, туку животната средина и минералните суровини, припаѓаат на сите и на идните генерации и треба да ги чуваме и животната средина и водите и минералните суровини. За жал, се однесуваме неодговорно, изјави Ацевски и додаде дека  Државниот завод за статистика има повеќе ревизии во делот на експлоатација на минералните суровини.

Тој објасни дека  државата треба да преземе мерки и да обезбеди национална лабораторија за акредитација каде што е може да се прават соодветни испитувања и податоците што ќе даваат да бидат точни и веродостојни.

-Ние издадовме ревизорски извештаи во кои кажуваме дека одредени правни субјекти вршат експлоатација надвор од експлоатационото подрачје. Не ги пријавуваат точните количини на материјали, одредени рудници пријавуваат експлоатација само на основната суровина не пријавуваат податоци за злато, сребро, никел. Одредени рудници пријавуваат експлоатација на олово и цинк, не пријавуваат екссплоатација на злато и сребро. Сетоа тоа во суштина е една неправилност, изјави Ацевски.

Тој додаде дека ќе го обават и ревизорскиот извештај за стареењето на населението, каде за жал има се помалку млада попуација.

-Имаме загрижувачки бројки во она што значи работоспособно население, имаме загрижувачки податоци за сместувачките капацитети на повозрасното население. Имаме податоци кои укажуваат дека се потребни реформи во пензискиот систем бидејќи се повеќе и повеќе се создава состојба каде имаме поголем број на корисници на пензија, а помал број на вработени луѓе, изјави Ацевски.

Е.Б.