Сериозни сомнежи за злоупотреба на видео надзор и нарушување на приватноста се отвораат во Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), каде вработени протестираат дека директорот Оливер Миланов воспоставил систем за постојано следење на нивното движење, објави „А1он“. Како што стои во нивниот текст, Миланов ги следи вработените во живо од неговата канцеларија.
Во канцеларијата на директорот е поставен монитор поврзан со сите камери. Според вработените, уредот е постојано вклучен и се користи за директно следење на нивното движење.
„Се гледа кој каде оди, кој влегува во која канцеларија, па дури и кога некој оди во тоалет“, велат извори од институцијата, пренесува „А1он“.