Девојки се тепале во Карпош, приведена 18-годишничка

Девојчињата „договориле“ тепачка синоќа пред полноќ

од Nikola Popovski
12 прегледи Фото: МВР

Во Скопје синоќа околу 22:40 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 18-годишната Е.Ј.

Според информациите, инцидентот се случил околу 21:00 часот во населбата Карпош, каде што, по претходно договорена средба, дошло до физички напад врз 20-годишната И.И. од Скопје.

Најпрво нападот го извршила Е.Ј., по што таа повикала неколку свои пријателки, кои потоа се приклучиле и исто така ја нападнале девојката. Во текот на нападот, една од учесничките употребила и тврд предмет.