Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно шест пријавени случаи

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, според МВР

од Vladimir Zorba
7 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

На 11.04.2026 во 02:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Б.(55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на 10.04.2026 околу 22:00 часот во семејниот физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца.

На 10.04.2026 во 22:15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.Д.(43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово се однесувал агресивно и физички ја нападнал неговата мајка.

На 11.04.2026 во 03:15 часот во СВР Куманово, 28-годишна жена од Куманово пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С.А.(36) од кумановско село.

На 10.04.2026 во 19:40 часот во ОВР Струга, 37-годишна жена од Република Албанија, со престој во струшко, пријави дека нејзиниот сопруг Н.М. од струшко, со кој се во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатувал закани.

На 10.04.2026 во 15:30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 40-годишник од велешко село. Според пријавеното, тој најпрво во домот на негов пријател, а потоа и на улица физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. По преземени мерки било констатирано дека 40-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

На 10.04.2026 во 18:30 часот во СВР Скопје, 40-годишна жена од Скопје пријави дека околу 17:20 часот во викенд куќа во скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот партнер А.Т.(40).

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави, според МВР.