ВЛЕН: Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот

Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години

од Vladimir Zorba
14 прегледи Фото: Фејсбук

„Сонцето на надежта за нашите млади свети посветло од кога било. Со Оперативниот план за вработување за 2025 година, од вкупно околу 13.000 лица планирани за вклучување, 8.576 или 70,9% се млади луѓе до 29 години. Ова е јасен показател за определбата на помладата генерација да го пронајде своето место на пазарот на трудот и да ја гради иднината со свои раце“, соопштија утрово од ВЛЕН.

„Во најатрактивната мерка за вработување, Самовработување за поддршка на претприемништвото, осносно отворање личен бизнис, од вкупно 2.755 планирани нови бизниси, 1.896 се отворени од млади луѓе до 29 години. Ова е голем успех што докажува дека енергијата, креативноста и храброста на младите луѓе се двигател на економскиот развој.

Овие факти се повеќе од статистика: тие се жива надеж, тие се доказ за упорноста на нашите млади, кои не се откажуваат пред предизвиците, туку ги трансформираат во можности.

ВЛЕН риафирмира дека поддршката на младите е незапирлив приоритет. Ние ќе продолжиме да бидеме покрај нив, давајќи им го сонцето на надежта, силата на упорноста и вербата дека иднината се гради со чесна работа и јасна визија“, додаваат оттаму.