Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитика до припадниците од православната вероисповед.
Филипче во честитката порача дека Велигден како празник што ја симболизира победата на животот над смртта, носи силна порака – и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.
„На сите верници од православната вероисповед им го честитам денешниот голем христијански празник, Воскресение Христово – Велигден.
Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат.
Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество.
Со верба и со надеж за нови почетоци, да го надминеме секој предизвик и да создадеме иднина каква што заслужуваат нашите граѓани. Нека Велигден донесе добро здравје, душевен мир и благосостојба во секој дом.
Христос Воскресна, навистина Воскресна! За многу години Велигден“, порача во честитиката, претседателот на СДСМ, Венко Филипче.