Филипче за падот на Орбан: Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на „Икс” синоќа на својот профил на Х, по поразот на Виктор Орбан во Унгарија на парламентарните избори“ порача дека „Европа не сака автократи!“

од Vladimir Zorba
86 прегледи Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на „Икс” синоќа на својот профил на Х, по поразот на Виктор Орбан во Унгарија на парламентарните избори“ порача дека „Европа не сака автократи!“

„Вечерва Унгарија рече ДОСТА E! Недемократскиот режим на Орбан падна – токму како што месеци наназад најавуваме. Криминалната организација ВМРО останува без својот единствен сојузник во ЕУ. Нема повеќе криење на Груевски во Будимпешта, ниту бизнис комбинации. Новиот премиер на Унгарија, г. Петер Маѓар, најави длабока реформа на медиумите поради огромното влијание што Орбан го имаше врз нив. Паѓаат автократските режими. Следен е Вучиќ а со него и Мицкоски. Време е за демократија! СДСМ ќе ја врати власта во рацете на народот и Македонија конечно ќе ја врати на европскиот пат. Демократијата и Европа победуваат“, истакна Филипче.

Слични содржини