Муцунски со честитки до Петер Маѓар

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитки до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар.Во својата порака на Икс, Муцунски вели дека граѓаните на Унгарија јасно ја покажале својата насока.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Фејсбук

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, упати честитки до лидерот на победничката партија на изборите во Унгарија, Петер Маѓар.Во својата порака на Икс, Муцунски вели дека граѓаните на Унгарија јасно ја покажале својата насока.

„Граѓаните на Унгарија се изјаснија и нема ништо поважно од демократската волја на народот“,пишува Муцунски.

Шефот на македонската дипломатија вели дека силните билатерални врски, кои се градени со години, ќе продолжат да се развиваат.

Муцунски додава дека со нетрпение очекува продолжување на соработката за која вели дека се заснова на меѓусебно почитување, партнерство и заедничка европска иднина.