Израелската амбасадорка ги поздрави акциите на македонските власти за истрага на обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен ги поздрави „решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe.

од Vladimir Zorba
11 прегледи Фото: Х

Израелската амбасадорка во земјава, Вивиан Аисен ги поздрави „решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните“ за обидот за опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe.

Аисен, на Х ја респодели пораката на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со која тој го осудува обидот за опожарување.

-Ви благодарам, министре. Брзите и решителни акции на македонските власти за истрага и повикување на одговорност на одговорните за овој гнасен антисемитски чин се од суштинско значење за спречување на потенцијални идни инциденти – објави Аисен на Х.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски го осуди обидот за опожарување на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe, порачувајќи дека „нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот“.

-Опожарувањето на зградата на Еврејската заедница и синагогата во Скопјe – на Велигден – е крајно неприфатлив и силно осуден. Нема место за вакви дела во Македонија. Истрагата е во тек, а одговорните ќе бидат повикани на одговорност. Нашето општество цврсто стои на ставовите за толеранција и мултиетнички соживот – се вели во објавата на Х на Муцунски.