Магично решение за малите ентериери

од Vladimir Zorba
225 прегледи

compact-urban-living-unit-by-bureau-lada-1

Урбаните средини растат и се полнат со светлосна брзина, намалувајќи го сè повеќе станбениот простор. Ограничувањата често ги гушат идеите, но, кога се работи за ентериери, често ја будат иновативната жичка кај дизајнерите. Во еден таков „клик“ креативен момент е изработена и мултифункционалната структура „Zauberkast“ за мали домови на архитектонската фирма „Bureau LADA“ која нуди голем број функции за домот скриени зад еден мал бел параван.

compact-urban-living-unit-by-bureau-lada-2compact-urban-living-unit-by-bureau-lada-4„Zauberkast“, збор кој е кованица од германскиот збор за „магија“ и холандскиот за „шкаф“, е замислена како компактно, магично решение за малите, тесни ентериери. Специјално дизајнирана за германски режисер, оваа коцка зад својот бел капак ги крие сите елементи неопходни за домот: софа, кревет, плакар, маса, кујна и бања. Магичната кутија, како што е и именувана, има врати на лизгачи, со што едноставно и брзо може да се адаптира од дневните до вечерните потреби и желби на сопственикот на домот, од кревет во работна маса или софа или трпеза за дружење со гостите.

compact-urban-living-unit-by-bureau-lada-3