(ВИДЕО) Би купиле ли Милка чоколадо ако му недостига една коцка?

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Милка започна нова кампања во која таа ги продава чоколадите со една коцка помалку.milka-missing-piece-3-1110x400

Со помош на Buzzman Paris, тимот креирал кампања која ја става дарежливоста на Европа на тест. Тие извадиле една коцка од преку 13 милиони Милка чоколади и им дале шанса на луѓето да си го побараат парчето назад или да го испратат на некој друг по желба.milka-missing-piece-640x385

Кога ќе го отворите пакувањето, ќе забележите дека недостасува една коцка од чоколадото и на нејзино место е испишан код. Кодот го внесувате онлајн за или да си го добиете назад парчето или пак да го испратите некому со лична порака. Кампањата оди под мотото: „Осмели се да бидеш внимателен.“

Па, би купиле ли и вие чоколадо со една коцка помалку?