Тренинзите 3 пати неделно се најефективни

од Vladimir Zorba
128 прегледи

Ако сте навикнати да не правите ништо по цела недела и викендот да надополнувате во салата, запрете, советуваат британските експерти, според кои најефективно е рамномерното вежбање.middle-aged-men-sex-workout

Џогирањето три пати неделно е најкорисно и дава најдобри резултати во споредба со недостатокот на физичка активност долго време и наглото оптоварување за време на викендите, што се навикнати да го прават многу луѓе.

Спортувањето треба да се прави редовно, а најдобро е три пати неделно со умерени вежби помеѓу 20 и 50 минути. Според научниците ексцесите во режимот на оптоварување е полоша опција дури и од тоа да не правите ништо.