Состанокот во вторникот во Рим со италијанскиот премиер Матео Рензо, поминал според коментари во “студена” атмосфера,а европското турнеја на новиот грчки премиер Алексис Ципрас продолжува во среда со средби во Брисел со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и во Париз – со претседателот Франсоа Оланд.

Истовремено, на министерот за финансии Јанис Варуфакис денес и утре ќе има средби со претседателот на Европската централна банка (ЕЦБ) Марио Драги и со својот германски колега Волфганг Шојбле.
Ципрас и Варуфакис разговараат со главните кредитори и партнери на земјата за можностите за надминување на грчкото должничко бреме, откако вчера стана јасно дека главната поента не е отпис, а туку реструктуирање на долгот, преку неговата замена со нови обврзници.
Алексис Ципрас доби демонстративно топол прием во Брисел од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, кој го поведе за рака кон средбата, откако се гушнаа пред камерите, забележуваат агенциите. Агенцијата предвидува дека разговорите денес нема да бидат лесни. Јункер ги предупреди грчките гласачи да не ја избираат радикалната левица СИРИЗА на Ципрас и нејзиниот план за прекин на спасувачката програма, која донесе строги мерки за штедење во Грција. Новиот грчки премиер инсистира Брисел да го промени пристапот кон земјата.
Пред денешните разговори Јункер истакна дека ЕУ треба да покаже флексибилност, додека и помага на Грција да се справи со стотиците милијарди евра надворешен долг, но исклучи опција за големи промени во политиката.
Четиридесетгодишниот Ципрас, кој не носи вратоврска и оди со раскопчана јака, се издвојува од останатите лидери во посета кај Јункер, забележуваат агенциите. Ципрас не даде изјава за новинарите, а 20 години постариот Јункер го фати за рака и насмеан го поведе кон просторијата за нивната средба, посочуваат агенциите.
Грчкиот весник “Имерисија” истакнува дека Брисел е обземен од скептицизам во врска со предлогот на грчкиот министер за финансии за размена на обврзници, чија камата ќе биде обврзани со економскиот раст. Извори во Брисел биле загрижени дека тоа може да се покаже како трик за да се постигне “кастрење” на грчкиот долг.
Матео Рензо: Договор е можен
Друг грчки весник – “Етнос” – ја оценува како “студена” атмосферата на вчерашните разговори во Рим меѓу Ципрас и италијанскиот премиер Матео Рензо. Весникот “Вима” пак коментира дека на нив Рензо дал до знаење дека предлозите за Грција ќе се дискутира таму, каде се донесуваат одлуки, и дека тие ќе се во контекст на барањата Атина да даде поттик на реформите.
“Сметам дека постојат услови за изнаоѓање на допирна точка со европските институции”, посочи Рензо на заедничката прес-конференција. Тој вети дека ќе му покаже силна поддршка на премиерот Ципрас, но прецизира дека двајцата не разговарале темелно за предложените од грчката влада решенија, бидејќи тие требало да бидат изложени пред европските инстанци. Дискутиравме во принцип за потребата да се почитуваат правилата и да се бориме за Европа на растот, додаде тој.
Светот инсистира Европа да инвестира во раст, а не во штедење, истакна италијанскиот премиер, и се пошегува дека по доаѓањето на власт на Ципрас самиот тој веќе нема да биде сметан за “левичар” во Брисел.
Ципрас истакна дека на Европа е потребна промена. “Треба да ги замениме стравот и несигурноста со социјална кохезија и раст”, рече тој, додавајќи дека европските граѓани и доверителите не треба да се плашат од Грција. Европа е уништена од политиката на штедење. Не сакаме нова пукнатина меѓу Северот и Југот, изјави Ципрас, повикувајќи на солидарност, корисен за сите, како за северот, така и за Југот.
Италијанскиот премиер му подари вратоврска на својот грчки колега, каква тој одбива да носи, додека неговата земја тоне во криза. Сакаме да дадеме едно поддршка на Грција, што не значи дека секогаш ќе се согласуваме со неа. Убедени сме сепак, дека Грција ќе излезе од кризата. Кога тоа ќе се случи, ќе бидам среќен премиерот да носи италијанска вратоврска, додаде Рензо, давајќи ја на Ципрас. Ветувам дека ќе ја носам оваа вратоврска, кога Грција ќе најде изводливо решение, одговори грчкиот премиер.
Грција почна преговори со ММФ за реструктуирање на долгот
Грција почна преговори со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за размена на нејзиниот долг со обврзници врзани со растот, вели новиот министер за финансии Јанис Варуфакис во интервју за италијанскиот весник “Република”, цитиран од Ројтерс.
Новата грчка влада се обидува да го реструктуира државниот долг на земјата, откако доби 240 милијарди евра (275 милијарди долари) спасувачки заем по 2010 година. Таа нуди размена на грчки обврзници чувани од Европската централна банка (ЕЦБ) и одделни држави, против должнички вредност врзани со растот или бесконечни обврзници.
Планот беше усвоен скептично од претставници на еврозоната вчера, забележуваат агенциите.
Варуфакис, наведува весникот “Република” н истата трансакција ја понудил и на ММФ. Според неговите зборови, долгот ќе биде поделен на делови, а на Европската централна банка (ЕЦБ) ќе се плаќа “целосно и до крајниот рок”. “Предлагаме да ги замениме другите рати, на ММФ и на други страни, со нови обврзници под пазарни каматни стапки кои се многу ниски во моментов, со клаузула: ќе започнеме целосна отплата дури по почетокот на солидниот раст во Грција од најмалку 3-3 , 5 проценти “, истакна министерот.
Варуфакис, цитиран од агенциите, прецизира дека предлогот предвидува трансформација во бесконечни обврзници на долгот кон тројката кредитори (ЕК, ЕЦБ, ММФ),кој порасна од 240 милијарди евра на 280 милијарди евра со камата (кои по долги преговори беа намалени од 5 на 2 проценти).
“Не гледам зошто да не се согласат на продолжување, како што и секогаш прават во такви ситуации, барем до крајот на годината”, дополнува Варуфакис.