Телото на мумифициран монах најдено во Монголија минатата недела, продолжува да претставува мистерија за научниците.
Високи будисти тврдат дека монахот, најден како седи во лотос позиција, е во длабока медитација и не е мртов.

Во моментов се одржува судска медицинска експертиза на остатоците пронајдени завиткани во говедски кожи во северниот регион на Монголија.
Научниците се уште се обидуваат да утврди како телото на монахот е во таква добра состојба. Некои сметаат дека главна причина е студеното време на Монголија.
Се смета дека мумифицираниот монах починал во XIX век.
Д-р Бари Керзин, лекар на тибетскиот духовен водач Далај Лама, изјави за The Siberian Times, цитиран од БиБиСи дека монахот е во ретка состојба на медитација, наречена “тукдам”.
“Ако медититаторот успее да остане во оваа состојба, тој може да стане Буда”, рече Керзин.
Монахот бил откриен откако мумијата била украдена од човек кој се надевал дека ќе ја продаде на црниот пазар.
Монголската полиција го уапси виновниот и мумијата во моментов се чува во Националниот центар за судска експертиза.
Идентитетот на мумифицираниот монах сеуште не е познат. Се појавија гласини дека непознатиот може да е учител на буратскиот лама Даши – Доржо Итигилов, кој исто така е откриен мумифициран.
Итигилов умира во 1927 година, а кога е ексхумиран во 2002 година неговото тело покажува сосема малку знаци на распаѓање.