(ВИДЕО)Груевски начелно се договори со Пленумци: Државниот испит се одложува за 2018 год.

од desk3
104 прегледи

Спроведувањето на државниот испит за студентите, кој е дел од новиот закон и требa да почне да се применува од 2017 година, се одложува за една година подоцна, односно за од 2018-информира НОВА.

 

studentski-pllenum-1

Ова е начелниот договор кои денеска го постигнаа Студентскиот и Професорскиот пленум, претставници од УКИМ и Премиерот на вонредниот состанок во кабинетот на Груевски.

Освен за државниот испит, одложена е и примената на другите спорни членови за две години, кои се дел од Законот за високо образование.

Во периодот што следува ќе продолжи дискусијата, во која што засегнатите ќе ги предложуваат своите аргументи околу Законот.

Освен државниот испит, како спорни точки претставниците ги издвоија начинот за избор во звања, како и измената на кредит-трансфер системот од 300 на 360 кредити. Тие се ставени во мирување.

– Во периодот ќе градиме аргументи дека треба целосно да се укине државниот испит. За сега сме отворени за дискусија околу законот, изјави Константин Битраков од Студентскиот Пленум.

Студентите за сега не одговорија дали ќе ја спроведат окупацијата на факултетите, бидејќи сметаат дека не може да одлучат без поголема консултација со останатите членови од Пленумот.

Извор и видео: НОВА