Суд прати Италијанец на психијатар, донирал 100 000 евра на Ромка

од desk3
105 прегледи

Италијански суд нареди Италијанец да се подложат на психијатриска експертиза, откако направил донација од 100 000 евра на жена со ромско потекло и нејзиниот сопруг Ирачанец, пишува thelocal.it.

47-годишниот маж, чие име не е објавено, е жител на Вила Сантина, општина со околу 2300 жители во провинцијата Удине. Тој е кум на ќерката на 26-годишната Моника Брајдич и на нејзиниот 24-годишен сопруг Шуан Ал Хама Рашид, кој е од Ирак. Донацијата во нивна полза изнесува 100 илјади евра.

“Ги подарив парите, откако размислив за мојот живот. Пред неколку години двајцата беа секогаш блиску до мене и ме смируваа, кога мајка ми почина,” изјавил пред судот мажот и појаснил дека пред тоа им помогнал со 5 илјади евра во момент кога доживеале финансиски тешкотии.

Обвинителот Паола Де Франческо го означила настанот на великодушност за премногу сомнителен. Според неа брачната двојка ја искористила “лошата ментална и физичка состојба” на донаторот. Тој не поднесе жалба против семејството, но случајот стигна до судот во 2011 година како резултат на проверка на Финансиската полиција, која бележи дознака кон Ирак.

Се појавиле сомнежи за перење на пари, но двајцата сопружници тврделе дека средствата биле наменети за ирачките роднини.