Турскиот суд нареди да се уапсат 21 полициски службеник, обвинети за незаконско прислушкување на политичари, бизнисмени и државни службеници, во акција што се смета дека е насочена против поддржувачите на Фетула Ѓулен, еден од најголемите противници на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Посочените се всушност опозиционери и противници на Ердоган.
Во декември минатата година турскиот суд издаде наредба за апсење на Ѓулен под сомнение дека раководи со криминална организација. Потоа беше дека соработува со странски(израелските) тајни служби во шпионирање на државата и Ердоган. Турските власти минатата недела го поништија пасошот на Ѓулен. Муслиманскиот проповедник ги отфрла обвиненијата за заговор против турската Влада.