Рускиот претседател Владимир Путин објави дека Москва и Каиро наскоро можат да го напуштат долари во билатералната трговија и да ги користат своите национални валути, објавија светските агенции.

Путин истакна во интервју за египетскиот весник “Ал Ахрам” пред посетата на Египет денеска дека прашањето било “разговарано активно” меѓу двете земји.
Овие мерки ќе отворат нови перспективи за трговија и инвестиции меѓу нашите земји, намалувајќи ја зависноста од сегашните трендови на светските пазари, појасни тој.
Според него користењето на валутите на двете држави ќе создаде поволни услови Русите да патуваат почесто до Египет.
Според него билатералната трговска размена меѓу двете земји е повеќе од 4,5 милијарди долари, што е за 50% повеќе од претходната година.
Според руски извори Москва сака истата монетарна политика да ја води во билатералните односи со Кина, Индија, Тајланд, Турција и Иран.
Русија обезбедува околу 40% од потрошената пченица во Египет, додека Москва увезува овошје и зеленчук.