Прислушкувани и Латас и Протуѓер и Синодот на МПЦ, ИВЗ и МАНУ

од Vladimir Zorba
137 прегледи
По наредби на директорот на УБК, Сашо Мијалков, и Груевски, покрај мнугите новнари, бизнисмени политичасри од власта и опозицијата , прислушкуван е и разговор на Драган Павловиќ – Латас со Мартин Протоѓер, шеф на кабинетот на Груевски, Исто така  прслушкуван е и  Синодот на МПЦ, ИВЗ, МАНУ, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференцијата на која презентираше материјали за нелегално прислушкување на над 20.000 граѓани.
timthumb (12)

На прес-конференцијата беа презентирани снимки од 11 прислушкувани разговори.

Заев рече дека се ќе биде објавено и ќе побара вештачење на снимките.

– Очекувам Јавното обвинителство да покрене истрага и да ја води според законите.Бараме вештачење од релевантна институциија за автентично вештачење на снимките што ги поседуваме, кои  не се правени од странска служба како што деновиве се шират гласини, туку од опрема што ја поседува  УБК  и телекомуникациски оператори во Македонија – рече Заев.

СДСМ за незаконско следење ќе поднесе кривични пријави против директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков и Горан Груевски, вработен во УБК. Поднесени се и кривични пријави за незаконско прислушкување против непознати лица од УБКи 5та Управа на МВР.

ЗАев ја повика и меѓубнародната заедница будно да го следи целиот процес.