Новата влада на Грција има намера да ги легализира истополовите бракови. Ова го соопшти денеска во парламентот во Атина, министерот за правда Николаос Параскевопулос.Тој не прецизирал кога ќе биде извршена промената во законот, јави AP.
Ветувањето за легализирање на истополовите бракови беше направено само две недели откако СИРИЗА победи на изборите во Грција и формира нова влада.Промената доаѓа и по критики на Европскиот суд за правата на човекот за тоа дека Грција сексуално дискриминира малцинствата.
