Во пожар што ноќеска избувна во семејната куќа на велешкото семејство Бошкови на улицата „Ѓоре Органџиев“ во Велес изгореа две куќи и гаражи со приземен дел од објект на шивачко претпријатие во населбата Дворови. Во пожарот жива изгоре возрасна жена, панично раскажуваа соседите јави Дума.мк
Огнот околу полноќ се запалил во дворот на семејството Бошкови, молскавично се проширил во куќата за потоа да ја зафати и соседната, на семејството Јанушеви. Тие раскажаа како за помалку од две минути морале да го напуштат домот бидејќи од соседната куќа слушнале експлозии а кога излегле надвор виделе дим и пламени јазици.
Потоа следеше спасување на жива глава. Сите соседи излегле на сокакот, од секој дом се влечеле гумени црева и вода со цел да се гасне огнот додека дојдат пожарникарите бидејќи куќите се дел од централната густо населена населба Дворови, со тесни и кривудести сокаци.Силниот Ветер придонел огнот да се прошири и на соседите а го зафатил и приземјето на шивачката работилница на Рашеви. На местото се и возила за прва помош пожарна и полиција