Студенти од различни факултети се приклучија во окупацијата по иницијатива на Студентскиот пленум.
Тие заедно со професорскиот пленум бараат да се стопира постапкатат за измените на законот за високо образование.
По вчерашниот бојкот на наставата на Техничките факултети, денеска на пладне пред платото на УКИМ ги договорија следните чекори: запоседнување на амфитеатрите, прекин на наставата и одржување на посебни предавања од професорите од пленумот.
Приклучување на блокадата најавија и пленумците од Битолскиот универзитет.
Со транспаренти „Автономна зона“, „Слободен универизетет“, „Ако не ние кој, ако не сега кога?“, студентите ги повикуваа сите колеги да им се приклучат во нивната борба против владините реформи во образованието.
„Време е да прогласиме Автономна зона, односно Универзитетот конечно да биде под студентска контрола, симболично, за да докажеме што се ни прават во образованието“-пишуваше на некои од транспарентите.
Студентите во масовна бројка го повикуваат Јавниот сервис да ги пренесува овие случувања бидејќи, велат, и тие ја плаќаат МРТВ, и му посочија на Премиерот дека нема да наседнат на неговото омекнување.
Помеѓу присутните, во голем број се забележуваат и членови на Професорскиот пленум, кои официјално се изјаснија дека ги поддржуваат студентите.
На оние професори кои држеа настава, Пленумци се потрудија да им посочат дека овој закон нив најмногу ги засега и дека тоа што треба да направт во овие моменти е да им објаснат на своите студенти зошто треба да ја бојкотираат наставата.
Студентите ги повикуваат сите колеги од своите факлутети да преминат на Филозофски каде вечерва Пленумот ќе ја помине вечерта и ќе спроведат алтернативна настава.
Видео: A1on
