Министерот за одбрана на Бугарија Николај Ненчев категорично изјави дека нема ништо вознемирувачко во вежбите на НАТО на нивна територија. Пред БНТ, тој објасни дека за разлика од Русија, НАТО не прави ненадејни вежби.

“Има вкупно 14-15 тенкови кои доаѓаат во нашата земја, во рамките на 2015 година”, соопшти Ненчев.
Планирани се различни учења и вежби. Веројатно пет или шест тенкови ќе бидат тука во март или април, а во септември-октомври ќе пристигнат уште еден дел, објасни тој.
Во однос на координативниот центар на НАТО во Бугарија, тој објасни дека ќе биде лоциран во Софија и ќе се состои од 40 вработени, а 20 од нив ќе бидат бугарски офицери, а другите 20 ќе бидат од земјите-членки. Ненчев додаде дека тие ќе бидат избрани во зависност од нивните должности. Поголемиот дел од финансирањето ќе биде на сметка на сојузниците, а Бугарија ќе го преземе финансиската одгворност кон 20-те офицери.
На прашањето што ќе направи Бугарија, ако НАТО побара Бугарија да учествува во воен конфликт поради ситуацијата во Украина, министерот рече дека има основни процедури за таквото учество, кое се чини малку веројатно. Ако НАТО побара такво нешто од некоја држава, треба да се изјаснат политичките партии, Национално собрание, претседателот, разјасни Ненчев, додавајќи дека кон нив не пристигнало вакво барање.
Според министерот, ако Бугарија не ги исполнува обврските кон НАТО, би можела спокојно да отпадне од организацијата како полноправна членка. Тој потсети дека Бугарија веќе не ги исполнила една од обврските во врска со зголемувањето на буџетот за вооружените сили.
“Јас верувам во здравиот разум на европските институции”, рече тој. Според него европските лидери бараат мирно решение за конфликтот во Украина и тоа се докажа на еден исклучително елоквентен начин на самитот на НАТО на 5 февруари. Ненчев ги смири бугарските граѓани дека веројатноста да се најде мирен излез од оваа ситуација е многу голем.
Министерот категорично изјави дека во бугарската армија нема мобилизација. Минатата недела лидерот на “Атака”, Волен Сидеров изјави дека во нашата земја се спроведува мобилизација, а Бугарија се подготвува да се вклучи во војната Русија – Украина.
Според Ненчев тврдењата на Сидеров не се вистинити и лидерот на “Атака” шири несигурност, а овој вид зборување е многу опасно, бидејќи влее омраза и страв кај луѓето. По негово мислење оваа хистерија цели да ја дестабилизира политичкиот живот во земјата.
“Нема никакви нуклеарни локации, никакви центри, никакви штабови, никакви украински војници и техника”, додаде тој.