Лавров: Русија и Грција се заинтересирани за развивање на воена соработка меѓу двете земји

од desk3
134 прегледи

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Руската Федерација и Грција се заинтересирани за развивање на воена соработка меѓу себе, пренесоа агенциите.

dfdsf

Министерот по средбата со грчкиот колега прецизира дека односите меѓу двете земји во оваа област постојат одамна, а сега се подготвуваат и нови договори.

Покрај ова Лавров соопшти и дека Грција е заинтересирана за плановите на Русија за изградба на гасовод преку Турција и овој проект имал добри изгледи.

“Ние разговаравме соработката во енергетската област, имајќи предвид интересот на Атина за изградбата на гасоводот од Русија кон Турција и оттаму кон грчката граница”, истакна Лавров.

“Ние сметаме дека овој проект има добри изгледи”, дополнил дипломат број еден на Русија.