Еве како телохранител на Порошенко и затвори устата на руска новинарка (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Човек од обезбедувањето на украинскиот претседател Петро Порошенко  и затна устата на руска новинарка. Сакајќи да го  заштити патронот од прашањата на медиумите телохранителот во акција и  “затвора устата” на новинарката во буквална смисла.

20150212.qygidsrnoq

Дописничката на ТВ каналот “Россия 24” се обидува да му постави прашање на украинскиот лидер, но не успева.“Како ги оценувате резултатите од преговорите?”, прашува новинарката, по што завршува во “мечкина  прегратка” на телохранител.Тој ја задржува така неколку секунди додека Порошенко ја напушта зградата. Ги опушта “канџите си”, телохранителот  и вели: “Тивко, тивко”, а на негодувањето на новинарката и нејзиното прашање: “Што правите?” не одговара ништо.