На 13.02.2015 година во 00,40 на ГП „Деве Баир“ на излез од Р. Македонија, поради основано сомнение дека се работи за кривично дело „фалсификување на исправа“ приведен е А.М.(48) од Р.Албанија. Лицето е предадено на ПС Крива Паланка за понатамошна постапка.
ПС Прилеп поднесе кривична пријава против А.К.(29) од Прилеп, за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“. На 22.01.2015 година, во Прилеп пријавениот под дејство на алкохол се обидел да влезе во домот на неговата поранешна сопруга, по што нападнал двајца полициски службеници удирајќи ги со тупаници во пределот на главата и телото, по што истите се здобиле со видливи повреди.
ПС Кочани поднесе кривична пријава против Н.М.(18) од Кочани за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“ На 29.05.2014 година во Кочани при извршен претрес во домот на пријавениот пронајдено е и одземено 29,89 грама марихуана.
ПС Гевгелија поднесе кривична пријава против С.Т.(31) од Богданци за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога, психотропни супстанции и прекурсори“. Во текот на 2014 година во Богданци, пријавениот во нива сопственост на неговиот татко во м.в „Ново Село“, засадил и одгледувал две стебла од растението „канабис сатива„ .
СВР Тетово поднесе кривична пријава против З.Р.(47) од с.Г. Речица, тетовско, за сторено кривично дело „пустошење на шуми“. На 22.11.2014 година пријавениот бил затекнат како врши превоз на околу пет метри кубни огревни дрва натоварени во товарно возило, без да поседува документација за истите. Дрвата се одземени и предадени на Шумска полиција.
