Никола Костов е новиот генерален директор на Македонска железница „Транспорт“. Вчера неговото назначување го прифатиле управниот и надзорниот орган на јавното претпријатие.

Костов доаѓа на местото на досегашниот директор Оливер Дерковски, на кој пред одредено време му помина директорскиот мандат. Костов беше и генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија.
Новиот директор деоаѓа откако патничкиот и товарниот железнички превоз во Македонија вреше беше запрен поради штрајк, а од изутринава беше нормализиран откако синдикатите на машиновозачите го прекинаа штрајкот по средбата што ја имаа ноќеска со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и новото раководство во МЖ Транспорт ад Скопје.
Возовите, според службата за информации од Железничката станица во Скопје, сообраќаат според утврдениот возен ред.
Од Независниот синдикат на машиновозачите на Македонија и Министерството за транспорт и врски информираат дека в понеделник ќе почнат преговори за исполнување на барањата на машиновозачите, поради кои од завчера беше прекинат товарниот, а од вчера напладне редуциран патничкиот сообраќај.
– Постигнавме договор колективниот договор да биде потпишан во рок од две недели до еден месец, за што ќе преговараме со министрите за транспорт и за труд и социјална политика Јанакиески и Диме Спасов, изјави за МИА Латко Јовановски, претседател на Независниот синдкат на машиновозачите на Македонија.