Атина ќе го преиспита договорот за приватизација на аеродромите

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Грција има намера да го  преиспита договорот за приватизација на 14 аеродроми во земјата, потпишан со германската компанија Фрапорт во вкупна вредност од 1,2 милијарди евра, соопшти грчката влада, прецизирајќи дека договорот може да биде замрзнат .

Airport-600x243

Договорот уште не е ратификуван и ние побаравме да биде замрзнат, за да имаме време да го проучиме , објасни државниот министер Алекос Фламбурарис за Мега ТВ. Според него договорот со операторот Фрапорт – е  една од најголемите приватизации во земјата, може да биде преразгледана, за да се види дали служи во најдобар можен начин јавниот интерес.

Аеродромите, предадени на концесија во 2015 година, за да се пополнат паричните резерви на Атина, вклучуваат аеропорта на Солун, вториот град на земјата, како и оние на туристичките острови Крф, Родос, Миконос и Санторини.

Приватизацијата е  извор на тензии меѓу Грција и тројката кредитори – ЕЦБ, ЕК и ММФ – и се дел од отстапките направени од претходните влади во замена за помош од 240 милијарди евра.

Уште пред победата на изборите во јануари радикалната левичарска партија Сириза ја објави својата намера да престане приватизацијата и да почнат  преговори со меѓународните кредитори за нови услови за отплата на грчкиот долг. / АФП