Општина Прилеп денеска го потпиша договорот за продажба на градежно земјиште со локација на поранешниот пазар за сирење со компанијата „Тинекс“. Во претпоследната Објава за продажба на градежно неизградено земјиште сопственост на Република Македонија, меѓу останатите објавени парцели беше парцелата за трговско деловен објект со локација на сегашниот пазар за сирење (млечен пазар).
Парцелата е со големина од 1.617м2 и на целата парцела е предвидена изградба на нов трговско деловен центар, со визба, приземје и два ката. Трговскиот центар ќе претставува објект од затворен тип.
