Има пресврт во ставот на Грција. Извор од Брисел соопштил пред Франс прес дека земјата има намера да побара од Еврозоната продолжување на кредитната програма.
Според неименуван извор, Атина сака да продолжи со програмата за шест месеци. Земјата сака да добие финансиска помош, но без барањата за наметнување на штедење.
Вчера преговорите меѓу Еврозоната и Атина беа прекинати. Германија нема да дозволи на Европската централна банка да продолжи со кредитната програма на Грција. Министерот за финансии, Волфганг Шојбле инсистираше Грција да го исполни спасувачкиот план. Одлуката на ЕЦБ се очекува денес.
