Павлопулос човек на “конзервативната династија” Караманлис – гаранција за национално единство на Грците

од desk3
95 прегледи

Новоизбраниот грчки претседател – 64-годишниот Прокопис Павлопулос, е убеден Европеец и конзервативец, кој се дистанцира од плановите за драстични штедење наметнати на Грција и изјави дека ќе го брани националното единство.

0717982001422269553_457721_600x458_actualno

Тој е близок до “конзервативната династија” Караманлис. На функцијата, што е целосно репрезентативена, тој ја презема улогата на обединител на нацијата, која веќе пет години се држи на работ на банкрот и каде 25% од населението во активна возраст и 50% од младите до 25 година се невработени. Изборот на овој десноцентрист за претседател на Грција, направен од ултра-десничарскиот премиер Алексис Ципрас, почитува традиција, спроведена од пред дваесетина години и гарантира националното единство.

Во 1995 година владата на ПАСОК на Андреас Папандреу предложи за гласање во парламентот поранешен министер од конзервативната “Нова демократија” Костас Стефанопулос. Два мандати на овој претседател и 10 години подоцна, Костас Караманлис го предложи Каролос Папуљас од ПАСОК, потсетува политикологот Елиас Николакопулос, цитиран од АФП. Денес номинацијата направена од Ципрас,ја покажува неговата загриженост за единството на земјата, која е во тешки односи со меѓународните кредитори поради непопуларните мерки за штедење и реформи, пропратнени до задолжувања од досегашните две кредитни програми.

Павлопулос, рече дека по изборот ќе се обиде да ја изведе земјата од оваа кошмарна криза. “Нашата цел е да се бориме не само за Грција, но и за Европа, која треба да ги открие своите принципи и вредности”, рече тој. Макар и од десницата и сметана од некои за вазал на кланот Караманлис, неговата кандитурата се сметаше за прифатлива од владејачката / во коалиција / Левичарската партија “Сириза”, бидејќи Павлопулос се дистанцира од досегашните крајни ограничувања наметнати на земјата од европските кредитори , додава политикологот Николакопулос. Како правник тој има публикација за противречноста меѓу грчкиот устав и меморандумот со кредиторите, наметнување сет од мерки за штедење со цел намалување на дефицитот што се сметаат за недемократски.

Павлопулос е франкофил – тој дипломирал право во Франција. Доаѓа од традиционално семејство со десничарски убедувања и не храни антигерманско чувство за разлика од својот претходник Каролос Папуљас, кој учествувал во антинацистиќкиот отпор. Сепак, исто како Папуљас, и тој побара јавно Германија да и врати на Грција заем за германската армија, кој е доставен под притисок за време на окупацијата на земјата.

Тоа е прашањето што ги создава тензиите меѓу двете земји. “Не само што ова прашање не е решено,туку германскиот министер за финансии Шојбле тврди дека грчките барања немаат правна основа”, рече тој во јануари за време на предизборната кампања. Павлопулос е роден на 10 јули 1950 година во Каламата. Тој е татко на три деца.