Годишниот одмор ќе може да се дели на повеќе делови

од desk3
160 прегледи

Собранието на вчерашната седница ги прифати во прво читање измените на Законот за работни односи со кои меѓу другото се предвидува поделба на годишниот одмор на повеќе делови.

skele

Заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими појасни дека еден дел од годишниот одмор мора да трае најмалку две непрекинати работни недели.

Се врши и измена со која на работникот му се овозможува наместо користење на досегашниот еден ден од годишниот одмор по сопствен избор, да користи два дена со претходно известување на работодавачот од три работни дена.