Во јануари деловните капацитети искористени 61,9 отсто

од Vladimir Zorba
94 прегледи

Во јануари годинава капацитетите на деловните субјекти просечно биле искористени со 61,9 отсто, а податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството имаат недоволната странска побарувачка со 25,1 отсто, недоволната домашна побарувачка со 24,7, недостигот на квалификувана работна сила со 23,6 и финансиските проблеми со 6,4 отсто.

g_Zavodzastatistika1

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија, во јануари годинава е повисок во споредба со претходниот месец, како и во однос на јануари 2014 година.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2015, во однос на декември 2014 година, е поповолна исто како и состојбата со залихите на готови производи и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци.

Економската состојба на деловните субјекти е оценета како поповолна во однос на претходниот месец, а како понеповолна во однос на јануари 2014 година. Оценката за бројот на вработени, пак, е непроменета во однос на декември 2014 година.