Откако вчера лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави снимки од разговори од денот на апсењето на Љубе Бошкоски, низ социјалните мрежи се споделуваат видео снимки од 2009 и 2011 година кога Тони Михајловски се качуваше на бините на Обединети за Македонија и еуфорично и спектакуларно го најавуваше, лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.
Сега, кога се гледа што стоело позади апсењето и затворањето на Бошкоски, Тони Михајловски е на другата страна, во таканареченото Движење за одбрана на Македонија, каде зборува за некакви странски служби и предавници, отворено застанувајќи во одбрана на актуелната владејачка гарнитура, без притоа да каже ниту збор за снимките од кои се гледа како владее истата.
И сега дилема кога Тони Михајловски беше патриот кога го фалеше и му се поклонуваше на Љубе Бошковски или сега кога им се поколонува и ги фаали тие кои го затворија Љубе Бошквски ? Еве ги снимките и тогап и сега проценете сами: