Битолските пленумци најдоа конструктивно решение за канцеларијата на “Студентскиот парламент”. Барем да се искористи за нешто влезот во оваа т.н студентска организација.Ѓубрето студентите сами си го чистат! Во автономните зони за се си има свое место и ред , учат , сами си подготвуваат храна, заедно спијат, се забавуват, и споделуваат за иднината.
Во продолжение, еве дел од атмосферата од алтернативното предавање на тема „Лидерство или хоризонтала“ на Константин Петковски професор при Технички факултет – Битола.
Треба да се напомене дека претходно нашите колеги од Битола имаа секојдневни проблеми со парното кое не работеше. Денеска била остварена средба со деканот на која било договорено истото да работи од 17 до 20 часот!



