Сексот е главната забава на крстарење

од Vladimir Zorba
84 прегледи

Истражување спроведено меѓу 200 000 патници на бродови, утврдило дека кондомите се први на списокот на работите кои се ставаат во багажот, пред да одите на пат.cruise ship

Истражувањето открива дека 80% од постарите патници се сексуално активни, додека се на пат.Проблемот е што на овие прекуокеански бродови нема од каде да се купат кондоми или апчиња “за ден потоа”.

Тоа не е сè. Изненадувачки е дека според истражувањето една петтина од испитаниците го изневеруваат на партнерот за време на крстарење, а уште пошокантни се податоците дека 80% од патниците имале сексуална врска, додека биле на крстарење со партнерот.

Една третина од анкетираните признаваат дека на пат со себе носат и секс играчки, а 12% изјавиле дека не би се качиле на бродот без нив. Има и луѓе кои одат на такво патување, единствено за да имаат секс.