Грција ги отвори главните линии од реформите кои еврозоната ги побарала од неа во замена за продолженото финансирање, пренесе Би Би Си.
Мерките вклучуваат планови за борба против даночните измами и со шверцот на гориво и цигари. Државни службеници изјавија дека ќе ја објават листата пред да биде испратена официјално до министрите за финансии од еврозоната, за да спречат истекување на информации во печатот. Реформите треба да бидат одобрени од меѓународните кредитори , што ќе овозможи доделување на договореното во петок и финансирање за следните 4 месеци.
