Откривањето на криминалната група “Карбанак”, која успеа да исцеди над 1 милијарда долари од 100 банкомати во светот се случи по сигнал од украинска банка. Ова се дозна од интервјуто на главниот експерт за антивирусни програми во “Лабораторија Касперски” Сергеј Голованов .
Тој истакнува дека во групата има граѓани на Русија, Украина, Кина и неколку европски земји . Експертот вели дека првиот сигнал за овие напади врз банката дојде од Украина. Една од банките во земјата соопштила дека нивните банкомати почнале да пуштаат пари во точно определен час без нивна интервенција.
Истиот сигнал е гфатен и од руска банка. Антивирусните експерти откриле дека податоците се праќаат од домен во Кина и така стигнале до компјутерскиот вирус и ја започнале истрагата. Според Голованов ова е прв случај во кој банкомати „плукаат пари“ . Потоа се разбрало дека настрадани се многу трезори од Русија, САД, Германија и Кина. Тој советува да бидеме многу внимателни како ги поставуваме личните податоци на социјалните мрежи и ако тоа е потребно – да користиме сложени лозинки. Експертот одби да даде имињата на сите банки кои се исто така меѓу настраданите од хакерските напади поради тековната во моментов меѓународна истрага.

