Европската комисија во вторникот потврди дека ја добила од Грција листата со реформи неопходни за продолжување на програмата за макрофинансиска помош за Атина. Првите реакции од ЕК се оптимистички за постигнување на договор за грчкиот предлог. Според Ројтерс, пак, тоа содржи големи и важни компромиси со досегашната цврста позиција на Атина.
Документот, кој го зазема 6 страници, е “доволно опстојувачки, за да биде добра појдовна точка” за продолжување на финансирањето на земјата, изјави извор од Европската комисија, пренесува Франс прес и американските медиуми.
Според зборовите на изворот, кој посакал анонимност, комисијата е “значително охрабрена од цврстата посветеност за борба против даночното затајување и корупцијата”. Тој истакна дека листата е доволно сеопфатена, за да биде дадена успешно завршување на проценката на грчката програма за опоравување, која ќе овозможи до април да бидат обновени плаќањата на Грција по линија на европската финансиска помош.
Претседателот на Еврогрупата Јерун Дејселблум, цитиран од американските медиуми, изјави дека ја добил листата “навреме” минатата ноќ и дека во моментов се врши оценка на документот. Тој додаде дека подоцна денеска ќе се одржи телеконференциски разговор на 19-те министри за финансии од еврозоната. Дејселблум прецизира дека, сепак, таков разговор ќе има, само ако пред тоа претставниците на Европската комисија, Европската централна банка (ЕЦБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дадат позитивна оценка за плановите за реформи.
Грчката влада е многу сериозна во својата волја за реформи, рече Дејселблум подоцна пред Европскиот парламент. “Мислам дека тие (Грците) се многу сериозни, но тоа е само еден прв чекор”, истакна тој. Според него, реформите претставени од Грција, ќе треба да се направат во тесна соработка со нејзините кредитори и “за тоа ќе биде потребно време”.
Индексот на Атинската берза Athex скокаат со над 5 отсто, откако Брисел потврди дека добил многу од очекуваното листа со предлозите на Грција.
Владата на СИРИЗА прави компромиси со предизборните ветувања
Министрите за финансии на еврозоната во петокот одлучија да се продолжи со четири месеци дејството на втората програма за кредитна поддршка од ЕУ, која завршува на 28 февруари. Предвидено е по истекот на овој рок Грција да склучи со европските се партнери нов договор за финансирање. Министрите се обврзаа во исто време Грција да го претстави планот за реформи во кој треба да бидат дефинирани обврските на земјата. Атина го доби правото да состави своја листа на промените.
Двете меѓународни програми за макрофинансиска помош за Грција од 2010 година се во вредност од 240 милијарди евра. Сега владата во Атина се надева да постигне одобрување на реформи помалку болни за населението од оние предвидени во првичната спасувачка програма применувана од 2010 година и обновена во 2012 година, која истекува во сабота. Можностите за маневри сепак се мали, бидејќи во принцип Грција се обврза да не дозволи нарушување на балансот на државните финансии.
Според извори од грчката влада во листата се промени во даночниот систем, мерки за борба против даночното затајување, конфликтот на интереси, корупцијата и шверцот, како и за справување со хуманитарната криза, а исто така и реформи за реструктуирање на државната администрација и намалување на бирократијата .
Како приоритетни се поставени уште мерки за решавање на заостанатите долгови, лошите кредити, како и за прекинување на аукциите на конфискувани имоти од банките основни поради задоцнети плаќања на хипотека.
Ројтерс сепак наведува, повикувајќи се на самиот документ дека тој содржи важни компромиси од грчка страна.
Грција, на пример, ветува дека нема да престане со веќе започнати приватизации, ниту ќе ги преиспитува склучените приватизации, какви што беа првичните намери. Исто така државните трошоци за справување со “хуманитарната криза” во земјата нема да му наштетат на спроведувањето на буџетските индикатори.
Планот вклучува компромисни решенија по големите проблеми, на пример реформите на пазарот на трудот и социјалните плаќања, кои би требало да одговорат како на барањата на европските партнери, кои обезбедуваат финансирање, така и на очекувањата на грчките гласачи кои ја поддржаа Левичарската влада на СИРИЗА која вети да стави крај наштедењата.
Владата на Алексис Ципрас се откажува од предизборните ветувања во однос на минималната плата, која планираше да ја подигне веднаш по изборите. Во с план за реформи сепак се предвидуваат колективни преговори со цел постепено зголемување на минималната плата, како и дека сите промени ќе бидат усогласени со партнерите на земјата.
Грција се ангажира и да го реформира системот на плати во јавниот сектор па платите да не се намалат повеќе, но и вкупните буџетски расходи за тоа плати да не бидат зголемени.
Атина освен тоа ветува консолидација на пензиските фондови, која ќе овозможи заштеда на средства, елиминирање на “дупките”, кои овозможуваат предвремено пензионирање.Целта на овие мерки е да се избегнат понатамошните намалувања на пензиите, барани од ЕУ и ММФ.
Берлин смета дека Бундестагот ќе го одобри грчкиот листа со реформи
Германската влада смета дека Бундестагот ќе го одобри продолжувањето на грчката спасувачка програма. Ова го увери германскиот владин портпарол Штефен Зајберт, цитиран од радио Атина.
Германското Министерство за финансии појасни дека одобрувањето на оваа програма ќе зависи од квалитетот на предлози од Атина.
Последните денови покажаа дека е целосно остварливо да биде најдено решение, додаде Зајберт.
Во исто време Мартин Јегер, портпаролот на министерот за финансии Волфганг Шојбле, објасни дека германскиот министер за финансии веќе ги информирал на два пати пратениците од партиите на владината коалиција.
Според весникот “Ханделсблат” Шојбле побарал грчката листа со реформи да добие позитивна оценка од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.
Драми во СИРИЗА поради договорот со кредиторите
Грчката влада е оптимист и смета дека ќе биде усвоен предложениот список на реформи, соопшти грчкиот сајт њуз. ин. Ние сме речиси сигурни дека ќе добиеме одобрение на листата од институциите и ќе продолжиме напред за стабилизирање на економијата, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис во ТВ интервју на Си-Ен-Ен.
Незадоволни претставници на водечката партија во владејачката коалиција во Грција ја обвинија владата напуштање на предизборните ветувања.
Најнапред европратеникот Манолис Глезос, 92-годишен ветеран од отпорот и доајен на грчката левица, ја обвини владата на СИРИЗА дека договорот претставува давање на рикверц од предизборните ветувања. Им се извинувам на грчкиот народ, што зеде учество во оваа илузија, посочи европратеникот во својот блог. Владиниот портпарол Гаврил Сакеларидис одговори дека во партијата нема да престанат да ги почитуваат Манолис Глезос, но неговата реакција е бесцелна и погрешна.
Светски познатиот грчки композитор Микис Теодоракис побарал состанок со премиерот Алексис Ципрас, за да го натера да каже “Охи” / не / на демонстриранотот одбивање “Најн” на Шојбле и веднаш да ги отстрани сите мерки за штедење и да се врати националната независност на земјата.
Руди Риналди, член на Политичкиот секретаријат на СИРИЗА изјави дека “договорот не може да биде дефиниран како успешен”, дека “оковите на земјата според склучените меморандуми не се олабавуваат”, и дека “континуираната загуба на суверенитетот и безмилосната контрола на еврократијата ќе доведат до целокупното задушување на општеството “. Според неговите зборови, императив е функционерите и членската маса на СИРИЗА да зборуваат.
Пратеникот на СИРИЗА Костас Лапацисас во својот напис на блогот инсистира на итно свикување на парламентарната група.
Во две свои интервјуа министерот за производство ,реструктуирање, животната средина и енергетиката Панајотис Лафазанис, кој припаѓа на Левата платформа во партијата СИРИЗА истакнува дека радикалната програма на кабинетот треба да биде применета целосно и доследно и дека никаков договорот во рамките на Еврогрупата не смее да ја поништи владината програма.
Вториот министер со ресор административната реформа Јоргос Катрунгалос побара од Владата да не прифаќа попусти и ја стави својата “црвена линија”, и предупреди: “јас нема да останам во министерството, ако не останат бришачите, не јас, Владата нема да отстапи еден таков клучен прашање “.
Заменик-претседателот на парламентот Алексис Митропулос исто така, предупреди дека народот нема да издржи нови мерки за штедење. “Ако договорот од Еврогрупата биде исполнет, народот нема да издржи”, смета тој.
