Првиот опозиционер Зоран Заев, на прес конференција објави снимки, на кои вели дека се слуша како директорот на УБК, Сашо Мијалков се договара со уредникот на Сител Драган Павловиќ Латас и му кажава дека самиот го средил Велија.
„Вака летечи вести не одат. Лапа Емил, ама лапа и Горан. Со 2 милиони евра и јас ќе направам телевизија. Јас ви го средив Велија и сега не пуштате во никое време“, вели Мијалков на снимката.
