Повеќе од 800 кумановски матуранти и ученици кажаа НЕ за математика како задолжителен предмет за полагање матура.
Учениците од кумановската гиманзија, уцениците од албанските паралелки и од стручните училишта заеднички учествуваа во масовниот протест. Колоната го мина центарот на градот и се упати пред подрачната единица на минситерствотво за образование за да ги испорача барањата. Владата да ги повлече измените во законот за средно образование од 2013 година, и предметот матетематика да биде изборен.
„Не е фер само ние гимназијалците да полагаме математика во државна матура. Дел од нас сакаат да се определат за уметност или спорт во иднина;“ вели Стефан Петровски, матурант
Настава нема да има, ако нивниот глас не допре до надлежните, простет ќе се пресели во Скопје.
„Овде не игнорираат како да не се случува ништо. Ако е потребно ќе дојдеме и во Скопје ќе протестираме,“ додава Петревски
Видео и фото : Кумановски Муабети