(ГАЛЕРИЈА) Бајка во саваната

од Vladimir Zorba
58 прегледи

Ако сакате да се нурнете во духот на Африка и да станете херој од убава бајка во саваната, значи хотелот Shambala Private Game Reserve е идеално место за вас.b6b9902cdc9b4aceb0a99c0d4638cf9b

Тој е лоциран на 120 квадратни километри во живописниот регион на планината Вотерберг, провинцијата Лимпопо во Јужна Африка .

Хотелот е многу соодветно место за одмор за меден месец, парови и специјални туристи кои сакаат како да бидат опкружени со луксуз, така и да станат дел од природната средина околу себе. Гостите на Shambala можат да уживаат на сафари со слонови или пак да си направат тивок пикник на брегот на реката, која поминува низ територијата на хотелот.

Луксузното место за рекреација се наоѓа на само два и пол часа возење северно од Јоханесбург и е дом на голема разновидност од диви животни, вклучувајќи ја и големата петорка (лав, слон, биволи, леопард и носорог).

Апартманите претставуваат осум луксузни вили со приватни надворешни и внатрешни тушеви и базен. Тие се опремени во традиционален елегантен африкански стил со елементи од францускиот дизајн. Секој чардак располага и со личен батлер кој ќе се грижи за потребите на гостите. Хотелот располага исто така со посебен спа центар.

Погледнете ја нашата галерија и фрлете се во една африканска бајка сред саваната.

f41f260de73520625902785db97bc9b4 322ceb6175bedf04b1ae31cc4d2d5571 24a45552c34a3b109754f1518ffd4892 d18bc401546a10ac1f6dd30f2ffe3068 d973d0e324b048008e6992484f7fd042 0f05ca7531b2fe72a84d401772e7ee30 f162487fe085a95cb784d616b972877a 95196be7f9a808c88b449bc313d78bf9 4af3bde95989a5ff82c90362111bbc0d 6989b3dc57c495e5fc41bc84ef26e64c