Јужна Кореја го легализира неверството

од Vladimir Zorba
98 прегледи

Уставниот суд во Јужна Кореја го укина контроверзниот закон за неверството, кој во текот на повеќе од 60 години криминализација  за вонбрачна секс,  а прекршителите добиваа до 2 години затвор.

neverstvo

Деветте судии одлучија со 7 на 2 гласа, дека законот од 1953 година, кој ги бранеше традиционалните семејни вредности е неуставен.

“Иако неверството е неморално, државната власт не треба да се меша во приватниот живот на луѓето”, изјави претседателот на судот Парк Хан-Чул.Ова е петти пат кога судот размислува дали овој закон е во согласност со уставните норми.Овој закон ја направи Јужна Кореја една од ретките немуслимански земји кои го доживуваат неверството за кривично дело.

Во последните 6 години речиси 5500 луѓе биле обвинети за неверство, вклучувајќи речиси 900 луѓе во 2014 година

Но оваа бројка се намалува, иако делата завршиле со пресуда, сепак  стануваат се поретки. Во 2004 година 216 лица се затворени поради овој закон, во 2008 година нивниот број се намали до 42 лица, а од тогаш според статистичките податоци на државното обвинителство само 22 прељубници западнале зад решетки .

Ова делумно е одраз на променливите општествени тенденцие во земјата каде Брзата модернизација често се судира со традиционално конзервативните норми.

Според законот од 1953 година, неверството може да се смета во судот само кај жалба од засегнатата страна, а  случајот завршува веднаш, ако тужителот го повлече обвинението – честа појава, која често вклучува финансиски договор. Законот се заснова на верувањето дека неверството става јавните патишта под сомнение и штета на семејството, но тој беше критикуван како морално застарена, и дека претставува државна интервенција во приватноста на луѓето. Иако законот за изневерувањето веќе не постои, јавното неодобрување сеуште постои.