Директорот на ФБИ Џејмс Коми доаѓа, за да реши шпионски скандал . Пробиен е системот за национална безбедност, дел од информациите се користат од друга држава. Случајот “црв”, исто така има врска со тоа, пишуваат бугарските медиуми.
Има луѓе од високите политички кругови – барем двајца, кои треба да бидат обвинети за предавство, изјави во студиото на “Добро утро, Бугарија!” по TV7 поранешниот вработен во Националната служба за безбедност Николај Марков.Тој првин објави во весникот дека познат политичар и висок полицаец се странски шпиони.
