Меркел ја олади Романија за Шенген

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Канцеларката на Германија Ангела Меркел не гарантира дека Романија ќе може да се приклучи во оваа година кон шенгенската зона. Тоа го изјави таа по Берлинскиот разговори со романскиот претседател  Клаус Јоханис, кој го покрена прашањето. За Бугарија Брисел засега молчи.

0,,16135097_303,00

“Последните извештаи за Романија беа позитивни, но ништо не можам да кажам, иако разбирам дека Романија мора да добие одговор за движењето на ова прашање”, рече Меркел, цитиран од романската агенција Аџерпрес.

Веќе неколку години на Романија и Бугарија  одбиваат пристапување кон Шенген зоната, пишува ТАСС. Брисел се мотивира со тоа дека властите не се борат доволно ефикасно со корупцијата и не можат да ги обезбедат  своите граници, дека не ги исполниле обврските за интеграција во општеството на Ромите кои Франција и други земји почнаа да ги враќаат назад во Романија и Бугарија, по  последните обидоа да се населат на Запад по влегувањето на земјата во ЕУ.

Прилично нервозно на тоа реагира во Букурешт премиерот Виктор Понта, кој ја нарече ситуацијата “понижувачка” и предложи да биде исклучен Шенген од листата со приоритетните задачи на владата.

Романија и Бугарија остануваат надвор од шенгенската зона и движењето кон неа се гледа од Брисел првенствено во пакет. Претходно во четвртокот, бугарскиот претседател Росен Плевнелиев го увери претседателот на ЕК Жан Клод Јункер, дека во однос на Шенген Бугарија се справи достојно.Бугарскиот шеф на државата  е убеден дека до крајот на 2015 Бугарија ќе успее да напредува и да  се помести овој ограничувачки механизам .