Германскиот парламент со огромно мнозинство одобри помош за Грција

од desk3
112 прегледи

Германскиот парламент го одобри продолжувањето на спасувачката помош за Грција со големо мнозинство, пренесоа агенциите.

Ова се случи откако министерот за финансии Волфганг Шојбле, кој првично израз сомневање дека во Атина може да се има доверба, вети дека нема да дозволи на Грција да ја уценува партнерите од еврозоната.

2110378199

Пред гласањето, тој посочи дека “не зборуваме за нови милијарди за Грција, не зборуваме за било какви промени во оваа програма. Наместо тоа станува збор да се обезбеди дополнително време за успешно завршување на програмата “.

Поддршка за помошта дадоа 542 пратеници, вклучувајќи ги речиси сите од широката коалиција на канцеларката Ангела Меркел. Тоа е најголемата поддршка доделувана некогаш за спасувачки пакет во еврозоната од 631-члениот парламент.

Гласањето во Бундестагот беше единствената поголема пречка за четиримесечното продолжување на спасувачката програма за најмногу задолжената земја во еврозоната.

Минатата недела Грција доби одобрување на Еврогрупата за продолжување на спасувачкиот механизам по долги преговори и закани и од двете страни. Првичното барање на Кабинетот на Алексис Ципрас беше рокот да се зголеми за 6 месеци. Тој го постави и условот да не се наметнуваат нови реформи на Атина.

Грција сепак беше принудена сама да предложи реформи, а земјата ќе остане под надзор.