Пукнатини во Атина: ветувањата кои грчката влада дава на својот народ, се некомпатибилни со обврските за реформи, кои Атина ги презеде пред европските партнери. Кои ќе бидат последиците од тоа разминување?
“Сириза”, сојузот на радикалните левичари на премиерот Алексис Ципрас, е одредена најчесто како лева-популистка партија. Тоа не е во ред, но е неточно, бидејќи “Сириза” – онаква каква што е денес, е пред сè ревизионистичка партија. Токму ревизионизмот, односно – политиката, со цел промена на веќе регистрираниот (правен) поредок или на некаква политичка програма, стои во основата на ветувањата на “Сириза”. Сегашните владетели во Грција беа избрани затоа што ветија дека ќе ги поништат постојните договори на земјата и ќе го прекинат дејството на меморандумот меѓу Грција и меѓународните донатори. Едно од клучните ветувања во политичката програма на “Сириза” гласи: “Ние ќе биде замениме меморандумите и законите за спроведување на договореното”. Долу Версај!
Ветувања и реалност
Ревизионизмот ја направи “Сириза” силна, но ако сега партијата не го даде она што голем дел од избирачите го очекуваат од неа, наскоро таа ќе ја изгуби својата сила. Таква беше судбината на социјалистичкото движење ПАСОК, кое на последните избори пред избивањето на кризата, беше најсилна партија во земјата. Тогаш “Сириза” доби само 4,6% од гласовите на грчките гласачи. На последните избори, кои се одржаа кон крајот на јануари годинава, “Сириза” веќе беше прва партија, додека ПАСОК зеде само 4,7% од гласовите. Оваа промена во ставовите на избирачите се должи на фактот дека многу од нив преминаа од ПАСОК кон “Сириза”, бидејќи веруваа дека Ципрас ќе ја продолжи старата клиентелисичка политика на ПАСОК.
Но, бидејќи на Ципрас му недостигаат потребните пари за тоа, неусогласеноста меѓу предизборнтеи ветувања и реална политика ќе влијае наскоро на единството во неговата и партија. Првите пукнатини се веќе достапни. Цели 12 часа продолжи инфарктната седница на фракцијата “Сириза”, на која беа разгледани договорените услови меѓу грчката влада и министрите за финансии од еврозоната за продолжување на она итно финансирање што Ципрас го прогласи за неважечко уште во ноќта по победата на изборите. На ова дискусија имаше пратеници, па дури и неколку министри кои застанаа против Ципрас. Спорови има и по прашањето дали владата треба даго даде за гласање во парламентот договореното привремено решение кое важи до април. Пробното гласање покажа дека владејачката коалиција веќе не располага со гласовите кои се потребни за да помогне на програмата за реформи.
Но дури Ципрас и да успее да ја дисциплинира парламентарната група, порано или подоцна во парламентот ќе влезат за дискусија законите за овие реформи – а некои од нив се дефинитивно некомпатибилни со суштината на “Сириза”. Тогаш Ципрас ќе треба да бара истомисленици меѓу новата партија “To Potami” или дури и во редовите на главните политички противници од “Нова демократија” и ПАСОК. Позитивното во случајот е дека така би настанала широка парламентарна поддршка за аранжманите со еврозоната, што за возврат би било еднакво на еден вид нова (неофицијална) голема коалиција – природно, ако претпоставиме дека во пребарувањето на излез Ципрас нема да одлучи да закаже референдум за политиката на штедење. Еден таков референдум најверојатно би покажал дека мнозинството од Грците се против јазот со еврозоната.

Но дури и да прифатиме дека е можно да се обезбеди политичка поддршка за опстојување на реформите и континуирана соработка со Тројката, без јасен одговор останува прашањето дали некогаш Грција ќе биде во состојба да се справи сама, без финансиска помош однадвор. Многу од експертите запознаени со актуелните бројки, се на мислење дека ова лето еврозоната ќе треба да изготви нова, трета по ред спасувачка програма за Грција. Додека нивото на грчките плати и пензии не одговара на можностите на грчката економија, Атина ќе е зависна од надворешно финансирање. Просечната плата во Грција би требало да падне на ниво кое е некаде помеѓу просечните примања во Естонија и Словенија. Но, тоа е можно само преку дополнителни намалувања и штедење.
За танго се потребни двајца
Малку е веројатно дека, сепак, токму “Сириза” ќе тргне по овој пат. Писмото со намери за реформи што божем е напишано од страна на грчкиот министер за финансии Варуфакис, но всушност ги содржи формулациите и барањата на Европската комисија, на прв поглед изгледа навистина има реформаторски дух. Во него Варуфакис се обврзува да изврши “план за реформи во склад со програмската изјава на премиерот Ципрас, претставена пред грчкиот парламент”. Тоа е како некој да тврди дека ќе води мирољубива политика во склад со идеологијата на Црвените кмери. Бидејќи говорот на Ципрас е едноставно некомпатибилен со уверувањата за реформи.
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле изјави деновиве на адреса на Атина дека да управуваш е како да имаш рандеву со реалноста. Во случајот улогата на реалноста ја извршува еврозоната. Таа нема никаков интерес од раскол со Ципрас. Но како добро знаеме – за танго се потребни двајца.
Михаел Мартенс, “Франкфуртер алгемајне цајтунг”
